Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Два големи пожари синоќа избувнале во фабриката “КЕН“ и во приватна куќа во близина на Општата болница.
Пожарот во “КЕН“ е локализиран со три противпожарни возила и седум пожарникари. Материјалната штета и причините за настанување на пожарот допрва ќе се утврдуваат. Интервенцијата траела од 19.05 часот до 20.45 часот, соопштуваат од Регионален центар за управување со кризи.
Во вториот случај струјомер се запалил во куќа на улица “Христијан
Карпош“ каде е интервенирано со едно возило и четири пожарникари. Пожарот е ставен под контрола за 20 - тина минути. Пожарникарите интервенирале од 22.25 до 22.50 часот.
Претходните два дена Противпожарната единица Куманово немаше регистрирано пожари.