×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пожар во некогашниот хотел „Кристал“ - го предизвикало семејство кое живее во напуштените соби

    22.08.2022 12:00 | Сузана Николиќ

    Изгоре една од собите во напуштената зграда на хотел „Кристал“ во центарот на Куманово. Пожарот избувнал синоќа пред 21.30 часот, а најверојатно го предивикало семејство коешто подолго време живее во напуштените соби.
     

    Пожар во некогашниот хотел „Кристал“ - го предизвикало семејство кое живее во напуштените соби

    „Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово синоќа интервенираше од 21.30 до 22.30 часот во хотелот Кристал во Куманово. Запалена е една од просторите - соба на кат. Интервениравме со 1 противпожарно возило и 4 пожарникари. Пожарот го предизвикало непознато семејство, кое живее во напуштените соби“, изјавија Деан Иливески, командирот на ТППЕ Куманово.

    Тој додава дека ова не е првпат да интервенираат на пожар во напуштените соби на „Кристал“.

    Зградата на поранешен „Кристал“ со децении е напуштена и претставува свртилиште на бездомници и зависници од дрога и алкохол, а се користи и за други нелегани работи. По пропаѓањето на АД „Бисерка“ отпочната е стечајна постапка која никако да заврши. Па така, некогашните репрезентативни објекти на ова претпријатие, меѓу кои и овој во центарот на градот, станаа руини и неми сведоци за сомнителната приватизација, која остави пустош зад себе.