Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на последните 24 часа имаше три пожари во селата Орашац и Табановце и на улицата “Бајрам Шабани“ во Куманово.
Територијалната противпожарна единица Куманово интервенираше на опожарена слама во село Орашац, од 5.35 до 7 часот.
Втората интервенција е на опожарена сува трева во атарот на село Табановце. Интервенирано е од 11.15 до 15.50 часот.
Третата интервенција исто така на опожарена сува трева е на улица “Бајрам Шабани“ од 17.35 до 18.25 часот.
Сите три пожари се предизвикани од човечки фактор, стои во извештајот од Регионалниот центар за управување со кризи.