×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пожари во повеќе кумановски села

    09.09.2015 08:38 | KumanovoNews

    Во текот на вчерашниот ден имало пожари во селата Пчиња, Матејче, Сув Ора, Старо Нагоричане и Младо Нагоричане.

    Пожари во повеќе кумановски села

    Територијалната противпожарна единица Куманово бележи интервенција  од 14.35 до 17.20 часот во селото Пчиња, на место викано  Ристово трло,  на опожарена сува трева со непозната површина.

    Во 16.05 часот полицијата во село Матејче и вработен од Шумско стопанство го известиле Регионалниот центар за управување со кризи, дека гори запалена нискостеблеста шума, во атарот на селото.

    Во атарот на село Сув Ора интервенирано е од 18.25 до 20.20 часот на запалена сува трева, но податоци за опожарена површина нема.

    Во маалото Бели грамади во Старо Нагоричане гореше сува трева и пожарот е локализиран од 23 до 00.30 часот.

    Во село Младо Нагоричане во маалото Беломарци гореше нискостеблеста шума и трева , и пожарот ТППЕ Старо Нагоричане го изгасна со 1 возило и 2 пожарникари од 3 часот наутро до 4.30 часот.