×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пожарникари-сезонци ќе ги гаснат летните пожари

    28.06.2014 10:25 | KumanovoNews

    Противпожарната единица Куманово има потреба од дваесетина пожарникари, кои ќе бидат ангажирани во наредните три месеци во екот на летните пожари.

    Пожарникари-сезонци ќе ги гаснат летните пожари

    Барање за сезонски вработувања е доставено до општината и ќе се најде на разгледување пред советниците на наредната седница на Советот.

    - Се покажа од голема корист ангажирањето на сезонски пожарникари, бидејќи во текот на летото по завршување на жетвата имаме енормно голем број на пожари. Таа бројка се движи за двата месеци јули и август по околу 250 или 300 пожари. И во септември продолжува истиот тренд на палење на стрништва намерно или пожари кои се случуваат од невнимание. Се надевам дека прва половина на јули овие пожарникари ќе почнат со работа - изјави Деан Илиевски, командира на Противпожарна единица Куманово.

    Сезонски пожарникари во пожарна беа ангажирани и претходите години.