×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пожарот гo спречи одржувањето на „Бдеење на кокински мугри“

    31.07.2024 11:37 | Оливера Пешевска

    Откажан е традиционалниот поетски митинг „Бдеење на кокински мугри“ поради големите пожари кои го зафатија тој дел од општина Старо Нагоричане. 

    Пожарот гo спречи одржувањето на „Бдеење на кокински мугри“

    Наместо изведување на молитвен ритуал и читање на поезија на мегалитската опсерваторија, настанот се одржа во Занаетчискиот дом во Куманово.

    Традиционално настанот почнуваше во раните утрински часови, а за учесниците имаше обезбеден превоз.

    „Од објективни, безбедносни причини годинава остануваме во градот. За жал околностите се такви, па нашите гости од Србија и Црна Гора нема да можат да сведочат за еден исконски ритуал и да го доживеат Кокино во вистинско светло. Пријавени се 55 учесници кои ќе се дружат и читаат поезија во нашите простории“, објасни Марио Арангеловски, директор на Фондацијата за култура и спорт.

    „Бдеење на кокински мугри“ за прв пат се одржал во 2009 година, а главниот настан, на оваа манифестација, е токму осветлувањето на сѐ уште постоечкиот престол на старешината и продолжување на традицијата.

    Ритуалот на овој локалитете е воспоставен уште од бронзено доба. Најголемиот се случувал во текот на летото, кога сончевиот зрак, поминувајќи низ засек од вертикална карпа го осветлувал камениот престол, каде порано седел племенскиот старешина. При тој ритуал, старешината се соединувал со Богот на Сонцето, со што ја загарантирувал богатата жетва и мирниот живот во текот на идната година.

    Организатори на настанот се Друштвото на писатели од Куманово и Фондацијата за култура и спорт.