Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пожарникари од Територијалната противпожарната единица Куманово претпладнево заминале во Тетово да им помогнат на колегите во гаснењето на големиот пожар.
Екипата од 5 пожарникари и едно противпожарно возило веќе се на терен и се справуваат со големата огнена стихија.
„Ни беше побарана само една екипа и ние веднаш ја испративме. Доколку има потреба од поголемо учество на наши пожaрникари ние сме подготвени да одговориме, а притоа да не ја загрозиме безбедноста на нашиот регон“, вели командирот Деан Илиевски.
Пожарот во Тетово избил изутринава околу 9.30 часот во складишниот простор на фабриката за градежни материјали на формата „Пофикс“ кои се наоѓаат во поранешните простории на „Македонија Табак“. Во складовите имало најмногу складиран стиропор кој како лесно запалива материја, придонел пожарот брзо да се шири и тешко да се гасне.
Пожарникарите прават огромни напори да го локализираат пожарот за да не зафат и други делови од складовите и фабриката. Вработените од фабриката и волонтери, забрзано од другите складишта изнесуваат големи количини стиропор за да не дозволат и тој да се запали. Во гаснењето на пожарот се вклучи и еден хеликоптер.