×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Познати докторите што најмногу работеле минатата недела

    28.07.2014 09:55 | KumanovoNews

    Министерството за здравство ги објави резултатите за работата на докторите во Kумановската болница, кои минатата недела извршиле најголем број на прегледи.

    Познати докторите што најмногу работеле минатата недела

    На одделението за инфектологија, највреден е д-р Азиз Бајрами, кој има реализирано вкупно 144 амбулантски прегледи во изминатава недела. За споредба, докторот со најмалку, извршил вкупно 84 прегледи.

     На одделението за офталмологија, најголем број реализирани прегледи има д-р Сашко Симов, со 119 прегледи, додека докторот со најмал број прегледи од истото одделение извршил само 1 преглед.

     Меѓу докторите дерматовенеролози, најмногу работела д-р Виолета Кузмановска - 112 прегледи, а докторот со најмал број реализирани прегледи на ова одделение, извршил 59 прегледи.

     Меѓу ортопедите, најголем број прегледи реализирал д-р Минур Бајрами, со вкупно 108 прегледи на неделно ниво, додека докторот со најмал број извршени прегледи на истото одделение извршил 51 преглед.

     На одделението за хирургија, најголем број реализирани прегледи има д-р Зоран Насковски, со вкупно 88 прегледи, додека негов колега со најмал број прегледи од истото одделение извршил 5 прегледи.

     Во рамки на одделението за неврологија, најмногу прегледи извршила д-р Жанета Крстевска со вкупно 82 прегледи за една недела, додека докторот со најмал број извршени прегледи на истото одделение реализирал 45 прегледи.

     На одделението за оториноларингологија, најголем број реализирани прегледи има д-р Фадиљ Малиќи, со вкупно 75 прегледи во текот на неделата, додека докторот со најмал број прегледи од истото одделение извршил 22.

     Од пнеумофтизиолозите во оваа болница, најголем број реализирани прегледи изминатава недела има д-р Светлана Петровска Талевска, која извршила вкупно 58 прегледи, додека докторот пнеумофтизиолог со најмалку реализирани прегледи, извршил 9 прегледи.

     На одделението за урологија, најголем број реализирани прегледи има д-р Александар Трифуновски, со вкупно 55 прегледи во текот на изминатава недела, додека докторот со реализиран најмал број прегледи, има извршено вкупно 36 прегледи.

    Најголем број амбулантски прегледи на одделението за педијатрија, има реализирано д-р Снежана Станковиќ, со извршени 53 прегледи, додека докторот со реализирани најмал број прегледи, извршил 4 прегледи.

    На одделението за акушерство и гинекологија, најмногу прегледи извршила д-р Лидија Јовчевска- Ивановска со вкупно 6 прегледи за една недела, додека докторот со најмал број извршени прегледи на истото одделение реализирал 2 прегледи.

    Доктор со најмногу прегледи на ниво на државата во текот на минатата недела, реализирал д-р Фатмир Рушани од ЈЗУ Клиничка болница- Тетово, кој извршил вкупно 179 амбулантски прегледи на одделението за дерматовенерологија.

    Кумановски доктори кои реализирале најмногу прегледи во својата специјалност на ниво на РМ се: инфектологија, д-р Азиз Бајрами, ЈЗУ Општа болница, Куманово – 144 прегледи и хирургија д-р Зоран Насковски, ЈЗУ Општа Болница – Куманово – 88 прегледи, соопштуваат од министерството.