×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Познати највредните доктори во кумановската болница

    21.07.2014 07:58 | KumanovoNews

    Кумановски доктори со најмногу прегледи на ниво на државата се Драги Караџински, Љиљана Славковска и Зоран Насковски

    Познати највредните доктори во кумановската болница

     Податоците од националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој Термин, покажуваат кој од докторите најмногу работел во текот на изминатата недела.

    Во Општа болница – Куманово:

    На одделението за офталмологија најмногу прегледи има реализирано д-р Сашко Симов, со вкупно 89 амбулантски прегледи. За споредба, докторот со најмал број реализирани прегледи на истото одделeние извршил вкупно 23 прегледи.

    Видлива е разликата во бројот на извршени амбулантски прегледи и на одделението за интерна медицина, каде со најголем број реализирани прегледи во неделата е д-р Емилија Додиќ (вкупно 62 прегледи), додека докторот-интернист со најмал број прегледи има извршено само 2 прегледи.

    Меѓу докторите инфектолози, најголем број прегледи реализирал д-р Азиз Бајрами - 110 прегледи во изминатава недела, додека докторот со најмал број реализирани прегледи на ова одделение, извршил 93 прегледи.

    Во рамки на одделението за неврологија, најголем број прегледи извршил д-р Драги Караџински со вкупно 116 прегледи за една недела, додека докторот со најмал број извршени прегледи на истото одделение реализирал 52 прегледи.

    Меѓу хирурзите од оваа болница, најголем број прегледи реализирал д-р Зоран Насковски, со вкупно 132 прегледи на неделно ниво, додека докторот со најмал број извршени прегледи на истото одделение извршил 8 прегледи.

    На одделението за оториноларингологија, најголем број реализирани прегледи има д-р Фадиљ Малиќи, со вкупно 74 прегледи во текот на неделата, додека докторот со најмал број прегледи од истото одделение извршил 27 прегледи.

    Најголем број амбулантски прегледи на одделението за педијатрија, има реализирано д-р Снежана Станковиќ, со извршени 24 прегледи, односно 6 пати повеќе од докторот со извршени најмалку прегледи на ова одделение (4 прегледи).

    На одделението за урологија, најголем број реализирани прегледи има д-р Фати Џемаили, со вкупно 56 прегледи во текот на изминатава недела, додека докторот со реализиран најмал број прегледи, има извршено вкупно 46 прегледи.

    Податоците покажуваат дека на ниво на државата, кумановски доктори со најмногу прегледи се: д-р Драги Караџински, невропсихијатар, д-р Љиљана Славковска, Институт за трансфузиона медицина и хирургот д-р Зоран Насковски.

    Мој Термин претставува систем во кој меѓу огромниот број податоци (електронски здравствени досиеја, специјалистички извештаи, пропишани лекови со електронски рецепт и др.), се евидентираат и податоците за извршени амбулантски прегледи од страна на евидентираните доктори во системот.

    Овој начин на транспарентно објавување на докторите кои реализирале најголем број амбулантски прегледи во рамки на својата специјалност, придонесува кон дополнително признавање и афирмирање на вложениот труд во работењето на јавните здравствени установи и континуираното унапредување на здравствените услуги- се вели во соопштението до Министерството за здравство.