Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Просторот пред Автобуската станица во Куманово ќе се уреди и ќе се користи како стојалиште за патници кои го користат градскиот линиски превоз.
Поради тоа што сега нема уредено стајалиште се чека и се излегува од автобус буквално на улица, што е небезбедно како за патниците така и за другите учесници во сообраќајот. (Фото: Кумановоњуз)
Советот на Општина Куманово на последната седница ја подржа Предлог-одлуката за давање на согласност за управување на времено автобуско стојалиште, откако претходните неколку месеци имало бројни реакции од сограѓаните и родители на ученици, поради несоодветните услови за користење на автобусите на линиите со број 2, 5 и 13.
„Децата беа принудени да чекаат автобуси, да се симнувањаат и качувааат во автобус буквално на улица. Се работи за локација спроти Автобуската станица или поточно пред ресторанот „Буѓо“. Укажувањата на родителите е дека е опасно, неосветлено и небезбедно се издржани, сериозни и ургентни. За овој проблем е дискутирано и на состаноците со општинската администрација“, изјави Елена Доцевска Божиновска, советник.
По овие укажаувања веднаш било интервенирано и во најкус можен рок е обезбедена техничката документација, сообраќаен проект со дефинирана хоризонтална и вертикална сигнализација и сообраќајно уредување, како и согласност од МВР.
„Со ова одлука ќе овозможиме безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Патниците кои користат градски и приградски линии, особено учениците ќе имаат безбедно место на кое ќе се симнуваат и од кое што ќе тргнуваат или, пак, ќе ги чекаат автобусите“, заклучи Божиновска.
Одлуката е донесена со 21 глас за и еден воздржан.
Просторот пред автобуската станица е во сопственост на Општина Куманово, кој подолго време се користи како паркинг простор за возилата од околните објекти и коцкарници, и е целосно неуреден и запуштен.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk