Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жителите на селата и приградските населби со кампања ќе се информираат за правилната употреба на пестицидите.
Советници од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и лекари од Центарот за јавно здравје ги едуцираат земјоделците како да се заштитат и кои се последиците од неправилната употреба на пестициди.
- Досега се поминати селата Клечовце, Орашац, Агино Село и Градиште. Денеска попладне ќе се оддржи предавање во село Лопате, а потоа следуваат Умин Дол, Младо Нагоричане, Скачковце, Ново Село, Слупчане, Оризаре, Липково, Лојане и Ропаљце - вели Живка Наумова, раководител на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.
Опфатени ќе бидат и приградските населби Карпош, Вера Которка, Доброшане бидејќи таму живеат луѓе кои имаат имоти на село и истите ги обработуваат.