Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во овоштарник во селото Младо Нагоричане утре во 11 часот ќе се одржи презентација за заштита на овошките од климатските промени.
Презентацијата ја организира Руралната мрежа заедно со Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството и професори од Земјоделскиот факултет. Овоштарите ќе се информираат за поставување на заштитни мрежи, систем капка по капка и други мерки за заштита на овошните дрвца. Сите заинтересирани одгледувачи на овошки можат да присуствуваат на настанот.