×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бараат плата за достоинствен живот, протест на вработените во „Македонски пошти“ Куманово

    18.03.2024 13:44 | Оливера Пешевска

    Вработените од Македонски пошти подружница Куманово, денеска во период од 8 до 10 часот одржаа предупредувачки протест, со барање за редовна исплата на плати и итни мерки за реформирање и реорганизирање на компанијата.

    Бараат плата за достоинствен живот, протест на вработените во „Македонски пошти“ Куманово

    Доколку не се исплати платата за минатиот месец протестите ќе продолжат, а не се исклучува можноста и за организација на штрајк.

    По 10 часот шалтерите во пошта беа отворени и пружаа услуги на странките.

    „Протестираа утринава и вработените во Куманово, еве и на вратите има предупредување, но сепак не неколку постари лица им беа извршени трансакции за кои беа дојдени. Веројатно да не ги малтретираат да доаѓаат повторно или да чекаат. Вработените се пристојни, но си рекоа дека бараат да им се исплатат платите, кои чесно си ги заработиле. Немаше некои поголеми застои, нервози или мешаници“, истакна наш сограѓанин, кој денеска два пати доаѓал.

    Синдикалната организација на Македонски пошти на прес конференција кажаа дека повеќе пати разговарале со новиот директор, но не добиле конкретен одговор кога ќе има исплата на плата. 

    „Сведоци сме дека денеска нема плата за работниците, а законскиот рок е до 15-ти во месецот. Моментално се 1.800 вработени и околу 200 поштари на договор. Исто така, бараме и да се реши статусот на поштарите, кои работат за минимална плата и без здравствено осигурување“, истакна Боро Велигденов, претседателот на Синдикатот на Македонска пошта.

    Од кумановската филијала не сакаа да го коментираат штрајкот, ниту од претставниците на синдикалната организација ниту од локалното раководтсво. Не упатија одговори да побараме од двете страни од централата во Скопје.