Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повозрасен кумановец вчера поплaдне е повреден на на крстосница од ул.„11 Октомври“ и ул.„Србо Томовиќ“, кога во него удрил автомобил.
„Во 17.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„11 Октомври“ и ул.„Србо Томовиќ“, патничко моторно возило „лада“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(65) од Куманово, удрило во пешакот Б.П.(83) од Куманово. Во несреќата Б.П. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.