Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициски службеник е тешко повреден кога во него удрил автомобил на локалниот пат Куманово - с.Сопот, кај с.Долно Којнаре, кумановско.
Инцидентот се случил синоќа во 23.30 часот, додека полицискиот службеник вршел службени дејства, а возачот не застанал на даден знак за запирање, откако претходно удрило во паркирано патничко возило „цитроен“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Н.Л. од с.Долно Којнаре.
Полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот.