×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Преку Пакомак во 2019 рециклирани 28.002 тони амбалажен отпад

    06.04.2020 08:22 | KumanovoNews

    Пакомак и во 2019 година ги исполни националните цели, намалувајќи го негативното влијание на амбалажниот отпад врз животната средина

    Преку Пакомак во 2019 рециклирани 28.002 тони амбалажен отпад

    Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ги објави своите резултати од напорите за организирана заштита на животната средина за 2019 година. Според официјалните извештаи за изминатата година, компаниите-членки на Пакомак пријавиле 50.537 тони амбалажен отпад од кои 55,41% од пријавените количини се рециклирани или поточно 28.002 тони.

    Лани континуирано се инвестираше во контејнери за стакло во 24 града во земјава покривајќи со тоа над 74% од територијата, а покрај за стакло беа донирани и метални контејнери за пластика и хартија на град Скопје. Во следниот период исто така во Скопје треба да бидат ставени во функција и новите контејнери за селективно собирање на амбалажен отпад, донација од Пакомак.

    Во некои општини сè уште недостигаат контејнери за комунален отпад, ниту пак за селективно собирање.

    - Наша цел е понатамошна соработка со локалните самоуправи, и на различни локации да има барем по еден контејнер за амбалажен отпад, пред се ПЕТ, хартија, лименки и стакло, како и да се обезбедат специјализирани возила кои ќе ги опслужуваат – вели Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак.

    Но, исто така не смее да се изостави како многу важен фактор и улогата на граѓаните, и нивната решителност и свесност за важноста да се селектира отпадот кој се однесува на пластичните шишиња, лименки, стакло и хартија и да ги фрлаат во посебен контејнер, се разбира во оние места каде нив ги има. Најпосле, комуналните претпријатија како единствени овластени собирачи на селектираниот отпад мора да бидат многу поефикасни и редовно да ги празнат контејнерите со селектиран отпад. Во спротивно ќе има ѓубришта околу контејнерите и тоа ќе биде дестимулирачко за граѓаните кои сакаат да селектираат. Комуналните претпријатија не смее да станат кочничари на започнатите процеси за примарна селекција на отпадот.

    - Културата за селектирање и рециклирање на амбалажниот отпад е нешто на што треба да се работи континуирано. Нашите резултати велат дека од година во година постигнуваме напредок и успех, но сè додека секое домаќинство и угостителски бизниси го немаат ова како вообичаена пракса не можеме да кажеме дека сме ги постигнале целите. Ние сме сè уште во еден процес на развој и примена на оваа идеја. Преку различни проекти сакаме да ги воспитуваме и насочуваме, пред сè, помладите, едуцирајќи ги за важноста на рециклирањето, но се разбира пораката ја пренесуваме и до останатиот дел на засегнатата публика. Во секој случај би било неблагодарно да не се чувствуваме задоволно имајќи ја предвид целокупната слика од почетоците до денес. Кога го започнавме ова еко-патување наидовме на состојба на терен каде селектирањето на отпадот беше на многу ниско ниво, а како тема на дискусија воопшто и не постоеше. За разлика од денес кога за ова се разговара и свеста е подигната на повисоко ниво, но постои уште простор за работа – додава Ивановски.

    За да имаме иднина, треба сите одговорно да се однесуваме! Граѓаните да го селектираат отпадот, институциите да се грижат за негово селектирање и рециклирање, а компаниите загадувачи да плаќаат соодветен андоместок за тоа. Животната средина е неповратен ресурс. Ако еднаш ја уништиме, тешко повторно да ја повратиме. Затот сите ние треба да биде одговорни, и секој во својот домен да придонесува, истакнуваат од Пакомак.