×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Преку проект за здрава животна средина ќе се менуваат навиките на жителите од Средорек, Бавчи и Бараки

    20.01.2020 09:59 | KumanovoNews

    Еколошки акции  и еко патроли се спроведуваат во трите ромските населби: Средорек, Бавчи и Бараки во Општина Куманово, со цел да се подигне свеста кај населeнието за одржување на чиста животна средина и да се подобрат условите за живот.

    Преку проект за здрава животна средина ќе се менуваат навиките на жителите од Средорек, Бавчи и Бараки

     Овие активности се дел од проекот „Чиста околина - здрава животна средина“ на Центарот за ромска заедница ДРОМ - Куманово, кој се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). 

    - Со проектот треба да помогнеме да се сменат животните навики на граѓаните и да се подигне свеста за одржување на чиста животна средина. Веќе се одржани две обуки на тема „Основните знаења за загадувања во животната средина и влијанието врз здравјето и справување со отпад“ на која учествуваа 60 лица од трите ромски населби. Жителите ги кажаа проблемите поврзани со отпадот и дивата депонија во близина на нивните домови, но дојдовме и до решенија и идеи како да се решат овие проблеми, кои ќе бидат доставени до надлежните институции. Како проблем со кој се сретнавме е тоа што локалните ромски населби не се вклучени во урбанистичкиот план на Општина Куманово, па поради тоа надлежните институции како ЈП „Чистота и Зеленило“ не можат многу да направат околу собирањето на сметот, кој се создава во овие населби , - вели координаторот на проектот Лилјана Симонова.

     Во наредниот период ќе се продолжи со активностите од преоктот, а тоа е спроведување на  истражување/ анкета врз основа на кои ќе се подготви анализа со препораки од страна на експерти за животна средина, ќе се донираат канти за отпад на семејствата од социјален ризик, додека дивата депонија во населбата Бавчи, спроти поранешен Туш маркет, ќе се уреди во детско рекреативно паркче, а ќе се организираат 16 акции за чистење на ѓубрето од овие населби. 

    На  терен веќе патролираат четири лица, кои имаат обврска да внимаваат на загадувачите на животната средина.

    „На почетокот на проектот имавме средба со бизнис секторот кои ветија дека ќе дадат свој придонес со тоа што ќе донираат канти или ќе помогнат во изградба на детското паркче, - додава Симонова.

    Времетраењето на проектот е 8 месеци, почнувајќи од 22 август 2019 година до крајот на април годинава.