×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Премиера на филмот „На колена“ во Занаетчискиот дом во Куманово

    13.04.2022 06:12 | Сузана Николиќ

    Краткометражниот аматерски филм „На колена“, во режија на Предраг Анѓеловски и продукција на Милан Богдановски од Куманово, премиерно ќе биде прикажан вечерва во Занаетчискиот дом. 

    Премиера на филмот „На колена“ во Занаетчискиот дом во Куманово

    Филмот е критика на денешното модерно општество, а фокусот се младите. Тој е резултат на потребата да се зборува за проблемите кои ги притискаат тинејџерите во 21-от век, и да ја претстави реалноста на младиот човек во земјава.

    На филмот „На колена“ се работело 1,5 година, а се снимал на повеќе локации во Куманово.

    Во филмот играат: Кристијан Петковски, Валентино Цветановски, Јована Милошевска, Марија Милошевска и Бранко Стојковски.

    Првата реприза на филмот ќе биде прикажан и утре вечер во истиот термин во 19.30 часот, во Занаетчискиот дом во Куманово.

    Бeсплатни билети за филмот може да се подигнат во „Фото плус“.

    Авторите имаат амбиции филмот да биде прикажан во кино салите, но и на ТВ екраните, а планираат да се пријават и на повеќе државни, но и меѓународни фестивали.