×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Премиера на претставата „Љубовна терапија“ на Театар Куманово

    12.10.2023 16:37 | Оливера Пешевска

    Со премиера на претставата „Љубовна терапија“, Театар Куманово во сабота ќе го затвори Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Центарот за култура во Куманово.

    Премиера на претставата „Љубовна терапија“ на Театар Куманово

    Претставата е работена по текст на Кристофер Дуранг, во режија на Драгана Таневска и драматургија на Симона Тоскиќ. Сценографијата е на Крсто Богојевски.

    Играат Владанка Крстевска, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска Величковски, Жарко Јовановиќ, Никица Јанковски и Матеј Стојковски.

    „Ова не е типична комедија, претставата е романтична комедија.Приказната се фокусира на две современи и актуелни појави кои се тренд, користење на апликации за запознавање во обид да се најде романтична врска, и одење на терапија како можност ликовите да ги надминат своите проблеми и потешкотии“, изјави режисерката Драгана Таневска.

     Целата екипа вели дека оваа комедија е поразлична од она на што е навикнатата кумановската публика.

    „Процесот делуваше терапевтски на мене и приватно, а работата со режисерката Драгана и моите колеги ме доведе лично до поразлично ниво, ми помогна да созреам како актер. Целиот процес течеше без никаков проблем, со леснотија и убавина“, истакна актерката Владанка Крстевска, која ја толкува улогата на Сара.

    Премиерата се игра во сабота на 14 октомври, а следните репризи се закажани за вторник и среда.