Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановксиот театар во изминативе два месеци работеше на подготовка на претствата „Не играј на Англичани„ од Владимир Ѓорѓевиќ, а во режија на Кирил Петрески.
Во проектот учествуваат тројца млади актери: Димитрија Доксевски, Ивица Димитријевиќ и Зоран Иваноски. Режисерот ја покани кумановската публика во театрот со назнака дека се работи за актуелен, современ текст, кој оства простор за подлабоко размислување.
Претставата жанровски е траги-комедија. Приказната ја раскажуваат тројца другари кои се знаат од детството и се дружат 20 години. Спортското кладење,е само еден дел од темите, на што навестува насловот, но сепак пораките кои ги дава претствата се однесуваат на вистинските човечки вредности. Ова го оставам за публиката, која се надевам дека ќе го извече најдобото од претствата - вели режисетот Петрески.
Иако во претставата играат машки ликови, тоа не значи дека во неа не може да се пронајде И женскиот дел од публиката.Акцентот е ставен на човековото однесување во условите во кои се наоѓа едема млада личност -вели актерот Доксевски.
Ликовите се многу динамични, текстот на прв поглед се чини едноставен, но сепак остава можност за анализа. Самата тема - пријателство од корист, привидна љубов, односите меѓу луѓето испреплетени со уцени и манипулации на овие балкански простори се секогаш актуелни и остваат можност за поместување аголот на гледање на работите од друга перспектива - додава актерот Зоран Иваноски, кој гостува од Прилепскиот театар.
Репризната изведба на претсвата е закажана за во понеделник.
Претставата е со актуелна тема и се надеваме дека ќе наиде на интерес на кумановската публика. Во последните три месеци ова ни е втор проект,а до крај на годината имаме уште три претстави. Проектот е подржан и финансиран од Министерството за култура-изјави директорот Роберт Павловски.