×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Препорака како родителите да се однесуваат во услови на епидемија од ковид-19

    26.10.2020 12:04 | KumanovoNews

    Променетите услови на живеење во време на кризата која е предизвикана од вирусот ковид-19, ни налага промени и излез од рутината на која претходно бевме навикнати во секојдневното функционирање.

    Препорака како родителите да се однесуваат во услови на епидемија од ковид-19

     Честопати децата и родителите знаат да чувствуваат страв од секојдневната ситуација, да се вознемирени, несигурни, раздразливи, со потешкотии да ги извршуваат секојдневните работи.

    Секоја кризна ситуација може да ја разгледаме на два начини. Едниот начин да дозволиме емоциите да не совладаат и да ги сопреме или уназадиме своите потенцијали, другиот начин е да ја искористиме кризата за да стекнеме поинакви вештини и знаења, кои би не развиле нас како личност и би ја подобриле функционалноста на семејниот систем.

    Родителите се тие кои треба да ги контролираат своите семејни системи, да бидат свесни дека тие се модели кои нивните деца најчесто настојуваат да ги имитираат, како и да попримаат различни однесувања од нив. Доколку родителите се вознемирени, полни со стравови, во секојдневната комуникација со децата ги вербализираат своите анксиозни состојби, тие ќе чувствуваат вознемиреност, несигурност, анксиозност, може да се повлечат во себе, да се импулсивни и бурно да реагираат на секоја фрустрација.

    Од сето ова се наметнува прашањето „Како родителите треба да се однесуваат за да ги зајакнат своите семејни системи?“

    Најнапред на децата потребно е да им се објасни целата ситуација, особено на оние од помалата возраст. Да им се потенцира зошто треба да посветиме големо внимание на хигиената, без предходно да им наметнуваме правила кои нема доволно да ги објасниме. Корисно е да бидеме свесни за начинот на комуникација со децата, како и да избалансираме, на тој начин што нема да ги оптоваруваме со постојани информации во врска со ковид -19, но ќе укажеме како треба да се однесуваат за да ја намалат опасноста од овој вирус. Да се интервенира само доколку она што предходно е договорено со детето не се почитува.

    Користењето на медиумите исто така треба да се земе во предвид.

    Потребно е да се ограничат содржините кои детето треба да ги конзумира и да се насочат децата да примаат информации преку медиумите од едукативен и забавен карактер.

    Вклучете ги децата во извршување на секојдневните обврски, така тие подобро ќе се чувствуваат и ќе имаат позитивни емоции, бидејќи на тој начин ќе имаат прилика да помогнат на другите и да се чувствуваат дека се корисни за своето семејство. Одвреме навреме, потребно е да се вклучат родителите во извршување на училишните обврски, и тоа да го направат со голема љубов, оптимизам и позитивен став кон своите деца и кон задачите кои треба да се совладаат. Доколку сте во можност препорачливо е преку игра да се совладуваат училишните обврски, бидејќи така децата на забавен и креативен начин подобро, побргу ќе ги научат наставните содржини.

    Доколку се случи детето да пребродува одредена криза, каде преовладува чувство на лутина, гнев, тага и осаменост, разговарајте со детето. Преку разговор детето ќе ги открие своите емоции и мисли што го мачат. Покажете емпатија, заедно барајте решенија за таквите проблеми. Поттикнете го детето да размислува на кој начин може да ја преброди таквата состојба.

    Честопати одете на излет во природа. Преку прошетка, дишење на чист воздух и впивање на сончевите зраци, ќе останете здрави и на полесен начин ќе ги надминувате секојдневните проблеми.

    За крај сакам да потенцирам дека за успешно родителствување потребно е да бидат вклучени двајца родители, секој на свој начин да придонесе во совладувањето на секојдневните препреки кои престојат пред нив.

    Горан Гелевски, училишен психолог и семеен советник