Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Продавниците на мало добија препорака да работат за време на празниците, поточно на 31 декември, 1, 7 и 8 јануари 2024 година.
На предлог на Министерството за економија е издадена владина препорака за да се излезе во пресрет на граѓаните, особено од помалите места каде што нема трговски центри кои вообичаено работат за државните и верските празници.
Во дел од образложението што Економија го дала за оваа препорака, било наведено дека за време на празниците во земјава има поголем број туристи, поради што има потреба да се овозможи да пазаруваат, а со тоа да придонесат во растот на потрошувачката.
Големите маркети во Куманово веќе прават распореди за смени во празничните денови, додека вработените се крајно револтирани од овој потег на надлежните.
Дел од граѓаните го оправдуваат владиниот потег, но дел се сложуваат и потполно ги оправдуваат ставовите на вработените трговци.