Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Меѓународниот суд во Хаг пресуди дека Грција ја прекршила Времената спогодба со блокирањето на приемот на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008.
Одлуката е донесена со 15 гласа „за“ и еден „против“.
Како што пренесува МИА, Судот се изјаснил дека не навлегува во одлуката на НАТО на Самитот во Букурешт, ниту во преговорите за разликите околу името што се водат во ОН, и тие две прашања, не влијаат на надлежноста на Судот да одлучува дали е прекршен член 11 од Времената спогодба.
Судиите ги одбија грчките обвинувања дека Македонија била таа што ја прекршила Времената спогодба. Тужителот не ја прекршил спогодбата пред Самитот во Букурешт. Тужениот не успеа да докаже прекршување на Спогодбата од страна на Македонија.
Пресудите на Меѓународниот суд на правдата се конечни и обврзувачки за земјите-членки на ОН, односно за страните во спорот и во огромен процент тие се испочитувани.