×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Претепаната кумановка во Авганистан, се бори за живот

    29.07.2011 08:40 | KumanovoNews

    Жената што минатата недела била претепана во американската база Шенк во Авганистан, се бори за живот во воена болница во Рамшатајн, Германија.

    Претепаната кумановка во Авганистан, се бори за живот

    Извор од семејството открива дека 30 годишната жена е крвнички истепана, и имала сериозни повреди по главата и телото, поради што треба да и се изврши сложена операција на главата.

    Нејзиниот сопруг и сестра и се во болницата во Германија. Немале можност да ја видат лично, туку само од далеку,  поради тоа што таа била сместена во шок соба и повремено се будела и паѓала во бесознение. Тие со смс пораки го известуваат семејството каква е нејзината здравствена состојба, но велат дека е многу неизвесна и не се знае дали ќе преживее од задобиените повреди- вели нашиот извор.

    Во саботата дошле двајца Американци со преведувачка и го известиле семејството за немилиот настан, ама не кажале како се случила несреќата. Тие понудиле на членовите од најтесното семејство, на сопругот и нејзините родители, на нивен трошок да бидат пренесени и сместени во Германија. Мајка и татко и немале пасоши, па заминала сопругот и сестра и.

    Насилството врз кумановката, која повеќе од една година работела во кујна во базата во Авганистан, во американската база се случило минатиот петок под засега не разјаснети околности. Нема официјални информации како жената била повредена, па низ Куманово се плетат повеќе приказни за случката, кои ги пласираат оние што работат во Авганистан. Се зборува дека насилството го извршиле повеќе лица, па ја оставиле жената во нејзината соба. Во бесознение ја нашле нејзините цимерки, кои веднаш повикале полиција. Повредената била префрлена во базата Баграм, а заради сериозноста на повредите била пренесена во болницата Рамштајн во Германија.

      Според втората верзија жената била повредан во сообраќајка, а најстрашната е дека била силувана и претепана од повеќе мажи, откако завршила некоја забава. Оваа информација ја пренесуваат и повеќе Интернет сајтови, а го пишува и на блогови.

    Во базите во Авганистан работата над 5 000 кумановчани, а голем дел и жени. Ова е прв ваков инцидент, кој го потресе градот, а особено семејствата на печалбарите.