30. 09. 2020 09:32

Претстaвата „Фанови“ вечерва на Денови на комедија

Претстaвата „Фанови“ вечерва на Денови на комедија

Со претставата „Фанови“ во продукција на „УГД“ Штип, вечерва продолжува Меѓународниот театарски фестивал Денови на комедија во Куманово.

Претставата „Фанови“ е по текст на Елин Рахнев, а играат Милорад Ангелов, Ефтим Трајчов Ѓаурски, Соња Пилатова и Дарко Наковски.

„Фанови“ е комедија во која се зборува за двајца фудбалски фанови на Ливерпул што се раѓа од нивна лична животна трагедија. Дејството е сместено во шест сцени каде што е покажано патешествието на двајцата главни ликови од нивните домови кон летот за Киев и средбата во бар со другите фанови, се до крајната цел на натпреварот во финалето на Лигата на шампиони, каде нивниот тим Ливерпул се бори за толку посакуваната титула.

Претставата се игра во големата сала на Центарот за култура со почеток во 20 часот.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk