×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Претставата „Волшебната шума“ утре во Занаетчискиот дом Куманово

    11.06.2024 18:16 | Оливера Пешевска

    Во Занаетчискиот дом Куманово, утре во два термина, од 18 и 19.30 часот ќе биде одржана претставата „Волшебната шума“, во организација на центар за креативен и детски развој „Перципио“ и здружението „Скил фектори“ од Куманово. 

    Претставата „Волшебната шума“ утре во Занаетчискиот дом Куманово

    Ова е завршна приредба на малите глумци, балерини и пејачи, членови на здружението со која ќе покажат што научиле и сработиле во изминатиот период.

    „Се обработуваат бајки, во овој случај „Лавот и глувците“ и „Штурецот и мравките“, учествуваат сите наши членови, 70-тина од нив, па затоа и се во множина глувчињата и мравките, за разлика од оригиналот. Поточно ќе презентираме 5 кореографии, две сцени и една авторска песничка. Децата се возбудени, на генералната проба не сакаат ни да ги соблечат костимите и покрај жештините. Задоволни сме и ние затоа што настанот е пополнет до последното место во двата термина“, истакна Никица Јанковски, актер- педагог во здружението.

    Ваквите самостојни претстави ги организираат два пати годишно за да можат најблиските и публиката да се запознаат со работата на дечињата и да го следат нивниот напредок. Досега гостувале на неколку културни настани во градот.

    „Скил Фектори“ е здружение кое што се занимава со музика и танц кое официјално постои од 1 септември. Работат под водство на професор Бојана Кимевска. Со децата работат актерката Александра Михајловска Величковски и Никица Јанковски, како актери- педагози. Кореографи се Бојана Кимевска и Ања Ивановска, професор по пеење- Ивана Стојановска, балетски педагог Ива Шутевска. Сите проекти се во продукција и аранжман на Павел Јаневски, со асистентите Александра Спасевска и Мила Милановска.