Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Месните заедници од општина Старо Нагоричане ќе ги информираат жителите за поголема претпазливост, за да се спречи појава на шумски пожари.
Ова е заклучокот од денешниот локален совет за превенција, која се одржа во општинските простории со претставници од отсек за превенција, РЦУК, ДЗС, шумска полиција, вработени во општината и други.
“Заклучивме дека човечки фактор, невниманието на луѓето најчесто е причинител на пожари. Претседателите на месните заедници ќе ги информираат граѓаните да внимаваат, да се зголеми граѓанската совесност. Се зборуваше и за чистење на речното корито, и спречување на други кризни состојби“- кажа Виолета Богдановска, раководител на отсек за превенција во СВР Куманово.
На состанокот се говореше и за пустошење на шуми, јавен ред и мир, криминалитет, сообраќај и друго.