Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во нас. Ајдучка Чешма во Куманово, синоќа во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово дале знак за запирање на товарно моторно „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило со поголема брзина да се движи нас. Ајдучка Чешма и нас. Перо Чичо.
Потоа, удрил во ограда на една од куќите и возачот го напуштил местото. Набргу потоа возачот М.Р.(28) од с.Баница, струмичко, бил фатен и лишен од слобода. При преглед во возилото биле пронајдени 34 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш, кои биле спроведени во Транзитен центар Табановце. По целосно расчистување и документирање на случајот против М.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.