×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Превозниците да аплицираат за одобрување на возни редови

    05.10.2015 08:57 | KumanovoNews

    Превозниците ќе треба да аплцираат за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници, информираат од Министерството за транспорт и врски.

    Превозниците да аплицираат за одобрување на возни редови

    Оттаму соопштуваат дека терминот за аплицирање за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници, објавен во огласот на 1-ви октомври 2015 година во дневните весници се одложува од технички причини. Превозниците ќе можат да аплицираат на интернет страницата  на Министерството за транспорт и врски www.liniskiprevoz.gov.mk на 6-ти октомври (вторник) од 9 часот и заклучно до 7-ми октомври (среда) во 9 часот.