×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Превозниците плаќаат за запуштени и валкани перони

    10.10.2013 08:47 | KumanovoNews

    Mесечно одвојуваме околу 250 илјади денари за користење на пероните, а не добиваме соодветна услуга, тврдат сопственици на автотранспортните претпријатија.

    Превозниците плаќаат за запуштени и валкани перони

    Превозниците на градските и приградските линии ќе плаќаат по 2,5 и 5 денари за секој автобус и комби што ќе влезе на пероните на Автобуската станица во Куманово. Оваа одлука беше изгласана на последната седница на Советот на Општина Куманово со цел да се стави во законски рамки перонизација на градските и приградските линии во општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково.

    Превозниците велат дека и досега плаќале на Југ-турист за услугата но тоа било регулирано само со интерен договор.

    Сите заедно месечно одвојуваме околу 250 илјади денари, но не добиваме адекватна услуга. И самите можете да видите дека пероните се во очајна состојба. Целиот простор е запуштен и валкан, не е осветлен и покриен да можат патниците да се заштитат ноќе и од временските неприлики. Дивите превозници влегуваат на пероните и земаат патниците, а никој не ги спречува во тоа.- велат од Оли-травел, Штуз и Јоцо-Турс.

    Превозниците објаснуваат дека на една линија автобусите и по 30 пати дневно влегува и излегува од перонот и секој пат му се наплатува по 2,5 односно 5 денари, а тие имаат по десетина различни линиии и релации кои ги покриваат во градскиот и приградскиот сообраќај. 

    И граѓаните не се задоволни од услугите што ги нуди Автобуската станица и сметаат дека конечно треба да се реши проблемот со Југ-Турист.

     Автобуската станица во Куманово и автобусите на Југ-турист се како на хорор филм. Државата треба да го затвори претпријатието или да му даде пари да работи како што треба. Со години е во стечај и не се решава неговиот статус на штета на градот и граѓаните.- велат граѓаните.

     На последната седница на Совето не беше решено дали за слободен превоз, туристички тури, екскурзии превозниците ќе можат да ги користат пероните на Автобуска станица на АД“Југ - Турист“ или локалната самкоуправа ќе се бара друг простор.