×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Презентација за нано материјали во “Наце Буѓони“

    22.02.2013 10:42 | KumanovoNews

     Во средното Техничко училиште “Наце Буѓони“, денеска неколку тима од ученици оддржуваат-  презентации за нано материјали, по што ќе бидат избрани најдобрите ученици на ниво на училиштето.

    Презентација за нано материјали во “Наце Буѓони“

    Овој натпревар е под покровителство на Технолошко - металуршкиот факултет, а темата е “нано материјалите во иднината“. Нашето училиште стана дел од овој натпревар, аплициравме со 11 проекти, тие се изработени и повторно ги вратија во училиштето за да ги презентираат самите ученици. Учество земаат девет од тие тима. Секое дете има право да презентира, потоа следуваат прашања од страна на комисијата. Имаме нано технологија во материјали, во храна, во медицина - изјави Билјана Кушински, професор по физика.

    На натпреварот учествуваат ученици од техничките и медицинските струки.

    Многу е убаво што има ваков натпревар каде можеме да се вклучиме, да бидеме активни. Јас подготвив тема “нано материјали во храна“. Секојдневно јадеме храна, а не знаеме дали е безбедна, дали е заштитена. Има уште една тема слична, не ми пречи конкуренција, напротив мило ми е. Мојот тим е од четири члена, ние работевме тимски - вели Александар Милановски, ученик во втора година.

    Првонаградениот ќе оди на државен натпревар и ќе добие парична награда од 6.000 денари. Вториот добива 4000 денари, а третиот 2000 денари. Резултатите ќе се знаат по завршување на натпреварот.