×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прием на ученици во општина Куманово

    05.10.2015 10:46 | KumanovoNews

    По повод Недела на детето, ученици од повеќе основни училишта од градот денеска ја посетија општина Куманово и се сретнаа со градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Прием на ученици во општина Куманово

    Учениците рецитираа песни посветени на детето и детските права и прашуваа кога ќе профункционира Затворениот пливачки базен, дали во основното училиште “Магдалена Антова“ може да се направи рекреативно катче, како да се зголеми бројот на ученици во “Вук Караџиќ“ и други теми кои ги засегаат. Градоначалникот Зоран Дамјановски им ја честиташе Неделата на детето и им се заблагодари на просветните работници за нивната посветена работа.

    Овие деца покажаа една љубезност, еден воспитен профил, деца кои имаат голема одговорност за својата возраст со убави творби ликовни, литературни. Интересот за градот што го покажаа, тоа зборува дека Куманово има иднина и се надевам дека целата наша борба да обезбедиме перспектива е токму поради вас. Нека ви е среќен празникот, да го славиме уште многу години. Слушајте ги вашите родители и професори да бидете горди граѓани на Куманово - изјави Дамјановски.

    Посетата ја организираше Здружението за грижи и воспитување на децата  од Куманово, кое за оваа недела најави бројни активности во повеќе училишта.

    Мотото ова недела е “Сите заедно за подобро утре“. Многу убаво мото за кое треба сите да се грижиме, и возрасните и децата. Возрасните треба да ги почитуваат правата на децата, меѓутоа децата треба да ги практикуваат обврските. На сите училишта им препорачавме активности кои тие ќе си ги реализираат согласно нивните можности, значи спортски натпревари, шаховски натпревари, “Игри без граници“ - рече Виолета Стошевска, претседател на Здружението за грижи и воспитување на децата Куманово.

    Децата се прошетаа во просториите на општина Куманово и се запознаа со работата на вработените.