Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
В.М. (44) од Куманово заработи кривична пријава затоа што ја истепал сопругата, а се заканувал дека ќе го убие и синот со секира.
Во мај 2011 годинава на ул.„Веселин Маслеша“, во семејната куќа, пријавениот по претходна караница со сопругата, почнал да ја удира со тупаници и клоци по главата и телото, нанесувајќи и видливи повреди. Потоа зел секира им се заканил дека ќе ги повреди неа и малолетното дете. Полицијата му поднесе пријава за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство.