Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.А.(58) од Куманово, референтка во Фонд за ПИОМ-Подрачна едниница Куманово за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
Во април 2009 година, откако пријавената утврдила дека податоците во М-4 образецот доставен од Агенцијата за вработување–Куманово, за остварување на пензија на едно лице од Куманово не се правилно внесени, истата не го вратила образецот на корекции во агенцијата, тука самата го корегирала и изготвила доставница со фиктивни потписи.