×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пријавување по телефон за повредите на избирачкото право

    21.05.2011 08:30 | KumanovoNews

     Од вчера во канцеларијата на народниот правобранител, на бесплатна телефонска линија, граѓаните ќе можат да ги пријават повредите на избирачкото право.

    Пријавување по телефон за повредите на избирачкото право

    Народниот правобранител ќе постапува по пријавите на граѓаните за било какви притисоци и злоупотреби на нивното избирачко право за време на предизборниот период и на денот на изборите.

    По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, односно нема да се следи  стандардната процедура на поднесување на претставките.  Пријавите ќе се заведуваат по телефон, веднаш ќе се оди на лице место, ќе се утврдува фактичката состојба и врз основа на тоа ќе се даваат соодветни укажувања.

    Постери со бесплатниот телефонски број, 0800 54321 ќе бидат поставени на сите избирачки места, на сите шест јазици. По поплаките на граѓаните ќе постапуваат шестмина правници.