×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Природата - нашата омилена училница“ се одржа на Спомен костурница во Куманово

    08.06.2024 10:07 | Оливера Пешевска

    Образовните асистенти од Куманово, кои се ангажирани преку ОУРЦ „Иднина“ од Скопје, вчера организираа Отворен ден под мотото „Природата - нашата омилена училница“ на Спомен костурницата во Куманово, за учениците со попреченост кои се вклучени во образовниот процес и нивни врсници од кумановските училишта. 

     

    „Природата - нашата омилена училница“ се одржа на Спомен костурница во Куманово

    „Поканивме деца и со типичен развој за да во едно инклузивно опкружување одржиме активности на децата, вон редовниот образовен процес. Уште поважно, сакавме да излеземе надвор, во природа, да го искористиме убавото време за рекреација и игра, меѓусебно дружење различно од секојдневните, вообичаени рамки“, истакна Ружица Денковска, една од иницијаторите и организаторите на настанот.

    Децата имаа можност да се дружат и да творат по омилените предмети: физичко, музичко и ликовно воспитување. Имаше спортски полигон, ликовна работилница, музикотерапија, пикадо, игри за развивање фина моторика, зумба и многу други

    На настанот присуствуваа учениците од општинските основни училишта „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Магдалена Антова’, „Христијан Карпош“, „Христија Тодоровски Карпош“ од Драгоманце, „Крсте Мисирков“, „Браќа Миладиновци“, „Кирил и Методиј“- подрачното училишта во Агино село, Државно училиште за деца со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје.

    Поддршка на настанот е обезбедена од Општина Куманово, СВР Куманово, општинската организација на „Црвен крст“, средното техничко „Наце Буѓони“ и бројни приватни спонзори.

    Лорета Андреевска, директорка на „Иднина“ одадде признание на асистентките од Куманово за покажаната иницијатива, сметајќи дека треба да има повеќе вакви настани и во другите општини, со што би се дала поддршка на учениците со попреченост и нивните семејства.

     
    Во организација на настанот беа вклучени 40 образовни асистенти.