Притвор за дилер од Куманово
24.10.2020 12:11
| KumanovoNews
Полицискитe службеници од СВР Куманово, завчера во 20.30 часот извршиле претрес кај Д.Д.(28) од Куманово, при пронашле кокаин.

Тој бил приведен во полициска станица, по што му е поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор.