Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
23-годишен кумановец доби 30 дена притвор на барање на Основното јавно обвинителство Куманово, откако во периодот од јануари до август годинава бил фатен со вкупно 15,77 грама марихуана, соопшти Јавното обвинителство.
„Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишен кумановец поради постоење основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик“, - соопштуваат од Обвинителството.
Осомничениот од јануари до август 2020 година, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана, спакувана во најлонски пакувања. При три одделни настани , при претрес, кај осомниченот, како и во негвото возило, биле пронајдени различен број пакувања со марихуана, сите во вкупна нето маса од 15,77 грама.
Обвинителството до Основен суд Куманово поднесе предлог за на осомничениот да му биде изречена мерка притвор, а во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка. По предлогот на обвинителството, судот донесе Решение со кое на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 30 дена.