×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Притвор за кумановецот кој се обидел да силува 76-годишна жена

    31.08.2020 08:54 | KumanovoNews

     Кумановското обвинителство поведе постапка против 38-годишне кумановец, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело– Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот Законик.

    Притвор за кумановецот кој се обидел да силува 76-годишна жена

    „Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово по донесување на наредбата за спроведување истражна постапка, за осомничениот до надлежниот суд поднесе Предлог за определување на мерката притвор поради опасност од бегство и довршување на кривичното дело. Судијата на претходна постапка изврши распит на осомничениот и донесе Решение со кое на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, - соопштуваат од ОЈО Куманово.

    Кривично правниот настан се случил на 27.8.2020 година, околу 12,00 часот во Куманово, кога осомничениот со употреба на сила се обидел да ја присили на обљуба оштетената 76-годишна кумановка.

    Откако осомничениот забележал дека оштетената живее сама, влегол во нејзината куќа, по што се обидел да го изврши делото. Откако не успеала физички да го оттурне од себе, оштетената го спречила во обидот велејќи дека доаѓа нејзината ќерка, па осомничениот се оддалечил кон излезот.