Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Притвор им е одреден на сите деветмина полицајци и цариници осомничени за шверц на наркотици, кои вчера беа приведени во полициската акција во Куманово и Скопје.
„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка денеска беа спроведени 9 лица осомничени – дел за кривичното дело Криумчарење, а дел за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
По произнесување на надлежниот јавен обвинител и осомничените во присуство на нивните бранители во однос на предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на 8 од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на еден од осомничените му определи мерка притвор во траење од 8 дена со оглед дека против истиот е поднесен предлог во скратена постака“, соопштуваат од Основниот кривичен суд Скопје.
Според решенијата за определување мерка притвор, судот сметал дека кај осомничените постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да ја попречат истрагата и опасност да го повторат делото.