×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Притворени двајца Авганистанци - претепале Индиец во Табановце

    16.09.2021 17:27 | Сузана Николиќ

    Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против двајца Авганистанци, на возраст од 31 и 25 години, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво. 

    Притворени двајца Авганистанци - претепале Индиец во Табановце

     Осомничените пред три дена на место викано Чифлик, во атарот на село Табановце, со употреба на сила и сериозна закана одзеле од оштетениот, државјанин на Индија, подвижен предмет со намера противправно да го присвојат.

    Притоа со употреба на нож и на тврд подесен предмет го удриле во пределот на главата. По ударот жртвата паднала на земја, по што двајцата осомничени му ги врзеле рацете и нозете и сериозно му се заканиле дека ќе го убијат ако не им ги даде сите пари што ги има. 

    „Осомничените одзеле 440 евра, а потоа повторно почнале да го удират оштетениот и го присилиле да побара од неговиот брат да му испрати парични средства преку „Money Gram“ во износ од 2.300 евра за да биде ослободен, стои во соопштението“, соопштува ОЈО. 

    Јавниот обвинител кој постапува во предметот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово поднесе Предлог за определување на мерката притвор за осомничените. При што е предложената мерка притвор во времетраење од 30 дена за двајцата обвинети.