Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Истражен судија од Основниот суд Куманово му одреди 30 дена притвор на А.И. (43) и Ш.И.(27) за сторено кривично дело разбојништво. Пријавениот и неговата невенчана сопруга на 28 минатиот месец, кај Спомен костурницата го ограбиле М.Б.(79) од Романовце и му одзеле 3000 швајцарски франци и 300 евра.
Разбојниците го забележале М.Б.на Градскиот плоштад, по што жената му пришла и му побарала 200 денари за да купи лекови. Страецот и ги дал пари, и откако тие виделе дека кај себе носи поголема сума пари почнале да го следат. Кога М.Б. стигнал кај Спомен костурницата и седнал да се одмори, И.Ш. започнала разговор со него, а мажот му пришол од зад грб и со неколку тупаници по телото и лицето го соборил на земја. При тоа од џебот на тренерките му ги одзел парите и побегнале.