Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Приведен е Б.Е. (59) од гостиварското село Ѓурѓевиште, по пријава дека го нападнал новинарот Н.А. (23) од гостиварско Калиште.
„Приведеното лице во консултација и координација со Јавен обвинител, задржано е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок“, соопштува МВР.
Нападот, прво вербално а потоа и физички кон новинарот Неври Адеми и снимателот Збулим Максути, се случил вчера околу 14 часот за време на снимањето инсерти за репортажа од основното училиште „Наим Фрашери” во село Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, гостиварско.
Според изјавите на новинарската екипа, додека тие снимале во училиштето Б.Х. им се обратил со вербални навреди и закани, при што го фатил снимателот за глава и го туркал по скалите во училиштето.
ЗНМ бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот. Потенцираме дека заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик а МВР и ОЈО, треба итно да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина.