Приведен крадец во Куманово, фатен на дело
01.07.2022 12:31
| KumanovoNews
На улица „Пелинска“ во Куманово, по полноќ, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(26) од Куманово.

Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот. С.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.