Приведен кумановец кој извршил четири тешки кражби
15.07.2022 11:19
| KumanovoNews
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција од Куманово вчера го лишиле од слобода А.С.(24) од Куманово.

Тој се сомничи дека на подрачјето на Куманово извршил четири тешки кражби, од кои две извршени во цркви, една во угостителски објект и една на приватен имот.
По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.