Приведен кумановец, во неговиот дом пронајдени 45 мигранти
19.06.2022 12:02
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 22.30 часот уапсиле 41-годишен кумановец, затоа што криел странски државјани.

При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени 45 лица – мигранти, од кои 44 од Пакистан и еден од Индија.
Тој бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.