Приведен лихвар во Куманово, пронајдени списоци со должници
        17.05.2025 11:50
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Полицијата привела кумановец поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.
                  „При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени списоци со должници, тетратка со податоци од повеќе лица и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



