×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Приведени 128 мигранти во Ваксинце

    11.06.2015 17:18 | KumanovoNews

    Во полициската акција што беше спроведена утринава во липковското село Вакцинце пронајдени се 128 мигранти.

    Приведени 128 мигранти во Ваксинце

     Мигрантите биле откриени во пет објекти, кои сопствениците ги изнајмувале за околу 1500 евра месечно или им наплатувале од 5 до 10 евра само да се засолнат во објектот без да им биде даден кревет за парите кои ги плаќале. Мигрантите изјавиле дека во Ваксинце дошле по сопствена воља, патувајќи од Грција кон земјите на Европската Унија, односно ниту еден од нив не бил жрвтва на присилба, закана или уцена во однос на престојот.При претрес на објектите пронајдени се еден пиштол марка „GROU MINI – 8 mm“ со рамка со 5 куршуми и 7 куршуми, кои дополнително се пронајдени во ранец од мигрантите во чајџилница, каде што се откриени 41 мигрант. Во останатите објекти пронајдени и одземени се 11 куршуми 9 мм, компјутер, два лаптоп компјутери, три мобилни телефони, два џебни ножеви, една кошула со амблем на УЧК, еден тактички елек, една маскирна кошула без амблем и парични средства во износ од 2400 евра. Дел од активностите во врска со претресите се уште се во тек и се превземаат мерки за целосно комплетирање и документирање на случајот.

    Кривична пријава за сторени кривични дела „Криумчарење на мигранти“, поднесени се против четири лица од село Ваксинце на возраст од 32 до 61 година, кои фигурираат како сопственици на објектите во кои се пронајдени мигрантите.