Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Завршила акцијата на МВР за приведување на криумчари на мигранти, која утринава започна во Куманово, дознаваме од полициски извори.
Во акцијата се приведени 8 луѓе, од населбите Тоде Мендол, кај стадионот Башкими и Черкеско село, кои се сомничат дека учествувале во криумчарење и транспорт на мигранти.
Како што потврдија од МВР се работи за луѓе кои подолго време превезувале поголеми групи мигранти. Утрово во 4.30 часот во близина на селото Доброшане, пресечен е транспорт на 7 мигранти кои од страна на тројца граѓани на Свети Николе требало да бидат превезени до српската граница. Полицијата извршила претрес на 10-тина објекти, а во еден од нив биле откриени поголема група мигранти. Уапсени се повеќе лица, кои се наоѓаат во Полициската станица Куманово.
Од МВР најавија дека детали за акцијата ќе има во текот на утрешниот ден или доцна попладне.