×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Приведени двајца кумановци затекнати како пакуваат марихуана

    16.06.2022 09:25 | KumanovoNews

    Полициски службеници од Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово, синоќа во 21.30 часот ги уапсиле Н.В.(22) од с.Тромеѓа и Д.Ј.(19) од Куманово, бидејќи кај нив била пронајдена поголема количина на дрога. 

    Приведени двајца кумановци затекнати како пакуваат марихуана

    „При претрес во домот на Н.В., извршен со судска наредба, двајцата биле затекнати како пакуваат марихуана во мали ќесиња за продажба. Притоа, биле пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана, таблети екстази, амфетамин, кокаин, хероин, пари, две дигитални ваги, празни најлонски опаковки и фолии за пакување, нотес со клиенти, неколку прачки експлозив и неколку детонатори, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од СВР Куманово.